Никола Нацев обезбеди бронзен медал на ЕП во кик бокс (ФОТО)

Никола Нацев (+69 кг ) го совлада Алесандро Каркано од Италија со 3-0 и се пласира во полуфиналето на Европското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Скопје, со што обезбеди најмалку бронзен медал. Нацев во полуфиналето ќе се сретне со Хуберт Кудра од Послка.

Филип Ризов, Блаже Настов, Јована Арсова, Викторија Ивановска Марио Трпчевски и Дарко Најдов не го поминаа четвртфиналето, така што шансата за медал ќе ја бараат на некое друго првенство.

Борби за влез во полуфиналето имаат уште Славче Арсов (-74 кг) против Криштоф Степанијак (Полска) во лајт контакт и Никола Бубевски (-79 кг) против Балаш Тар (Унгарија) во истата дисциплина за јуниори. Во лоу кик Кристијан Шоповски (-63,3кг) за влез во полуфиналето ќе се бори со Стефан Цветковиќ (Србија).

Резултати

Лајт контакт
57 кг Марко Горневски – Шаболц Маѓар (Унгарија) 0-3  во ¼ финале
+69 кг Никола Нацев – Алесандро Каркано (Италија) 3-0
+69 кг Никола Нацев – Хуберт Кудра (Послка) – полуфинале
-60 кг Викторија Ивановска – Ченге Палаг (Унгарија) 0-3 во ¼ финале

Јуниори
-57 кг Флип Ризов – Еурон Намани (Косово) 3-0 – вчера
-57 кг Флип Ризов – Камерон Бејнс Дојл (В.Британија) 0-3 во ¼ финале
-57 кг Блаже Настов – Всилеос Наталас (Грција) 3-0 – вчера
-57 кг Блаже Настов – Вилијам Тејлор (В. Британија) 0-3 ¼ финале
-69 кг Александар Велков – Франческо Рега (Италија) 0-3 во 1/8 финале
-50 кг Јована Арсова – Стела Левицка (Словачка) 2-1 – вчера
-50 кг Јована Арсова – Ромалеа Месиндиану (Грција)  1-2  во ¼ финале

Лоу кик
-67 кг Марио Трпчевски – Давид Шиек (Полска) 0-3 ¼ финале
-63,5 кг Дарко Најдов – Димитар Стојанов (Бугарија) 1-2 ¼ финале

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО