Нејт Дијаз: Брус Ли никогаш не би изгубил така

Нејт Дијаз „не пуши“ приказни за моралната победа на Мек Грегор во мечот со Мејведер.

Додека некои ММА борци му аплаудираа, младиот Дијаз кој му го нанесе првиот и единствен пораз во УФЦ, не гледа така на тоа. Настанот го нарече „пренапупмано срања“.

„Се испука и остана без снага, исто како и кога загуби во УФЦ, не научи ништо од тоа. Пренапумпано срања. Брус Ли никогаш не би изгубил така“.

Ирецот во пресрет на борбата со Мејведер изјави дека во рингот ќе биде како Брус Ли и дека Американците нема да имаат одговор на неговите движења.

Мек Грегор гопобеди Дијаз во реваншот, а новиот судир со него се споменува како следна борба на Ирецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО