Не освои медал но е хероина на Европското првенство, а ќе видите и зошто (ВИДЕО)

На штотуку завршеното Европско пренство во борење за кадети во Сараево, Босна и Херецеговина, видени се многу добри борби, момчиња и девојки кои се иднината на овој спорт. Сепак, една девојка остави најсилен впечаток на сите присутни.

Марија Коваленко од Украина, која се натпреварува во категоријата до 40 килограми, е без лева подлактица! Како таква таа спаѓа во спортисти со посебни потреби, но одлучи да се натпреварува против борачи без физички недостатоци. Судиите биле запрашни дали е ова регулран сируација, на што одговориле дека таа има право да се бори и покрај очигледниот хендикеп.

Иако е јасно дека таа во тој случај е во подредена положба, младата Украинска се бореше како лав и стигна да се бори за бронзениот медал, при што загуби од Грузијката Карелидѕе.

За се она што е видно Марија Коваленко е хероината на Европското првенство во Сараево.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО