Хасан Н’Дам повторно стана светски шампион во средна категорија.
33-годишниот камерунско-францускиот боксер патуваше на другиот крај на светот во Јапонија на меч за испразнетата „редовна“ ВБА титула во средна категорија со олимпискиот шампион од Лондон Рјота Мурат (12-1, 9 КО).
Н’Дам во четвртата рунда се најде во нокадаун, но, и покрај тоа, успеа да победи со поделена одлука на судиите и да му го нанесе првиот професионален пораз на 31-годишниот Јапонец. Панамецот Густаво Падила го бодуваше мечот 116-111 за Камерунецот, Канаѓанецот Хубетрт Ерл 115-112 за Камерунецот и Американецот Раул Каиз Јуниор убедливо за Мурат 117-110.
Генадиј Головкин е ВБА „супер“ првак во оваа категорија.
https://youtu.be/8JDlYUu5_SY
.