Назим Куртовиќ спортски работник за 2017-та на ССГС, сите почести за европскиот првак РК Вардар

Сојузот на спортови на град Скопје ги додели традиционалните награди „13 Ноември“ за посебни успеси и достигнувања во спортот. Главните признанија за 2017 година очекувано завршија кај актуелниот европски шампион РК Вардар. Меѓу добитниците и карате мајсторот, исто така вардарец, Назим Куровиќ кој доби признание за спорстки работник, односно равзој и унапредување на карате спортот во Македонија и светот, за неговата работа во МОК.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е прогласен за најдобар спортист на град Скопје. Првиот човек на клупата на Вардар и селектор на репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалес го доби признанието за најдобар тренер, а РК Вардар е најдобриот клуб за 2017.

На годинашната свеченост, Сојузот на спортови на град Скопје додели и четири награди за животно дело, а добитници се: Насе Кондовски, Јован Јовановски, Александар Атансовски и Златко Калински.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON