Насукава го прифати предизвикот на Мек Грегор

Конор Мек Грегор побара да има борба слична како онаа на Флојд Мејведер со Теншин Насукава, при што Јапонецот за само 138 секунди беше нокаутиран, а Американецот заработи девет милиони долари, Мек Грегор порача дека сака слична борба.

Конор преку Твитер го предизвика Насукава и напиша дека сака борбата да биде по ММА-правилата.

„Сакам да се борам во Токио со Насукава по ММА-правилата и тоа пред летото. Ве молам, договорете ја оваа борба“, напиша Ирецот.

Не се чекаше долго на одговор од Насукава.

„Драг господине Мек Грегор. Ви благодарам што го паметите моето име. Чест ми е што воопшто размислувате за тоа. 58 килограми, кик бокс правила и сигурно ќе се бориме“, напиша Насукава.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО