Марк Хант: УФЦ рекламираат измамници кои користат стероиди

Марк Хант и УФЦ никогаш не се сакале. Тој секогаш го критикуваше претседателот на организацијата, Дана Вајт, а во 2016 година дури поднесе тужба против УФЦ, Дана Вајт и Брок Леснар. Хант и Брок се бореа на УФЦ 200, а победи Леснар со одлука на судиите, но набргу потоа падна на допинг тестот и беше поништена и подоцна беше казнет од УСАДА. Марк беше бесен, затоа и презеде акција. Минатиот месец, „Супер Самоанецот“ ја одржа својата последна УФЦ битка и ја изгуби во Австралија од Џастин Вилис со судиска одлука.

Неодамна се надоврза нов скандал со Џон Џонс. И во неговиот примерок беше пронајден туринабол, но беа преземени санкции спрема него и зеде учество на УФЦ 232, настан кој беше префрлен од Лас Вегас во Калифорнија. Потоа, Марк Хант ги истури навреди за сите кои се вклучени во ситуацијата и денес одлучи да продолжи со критиките.

„Ми ја земаа љубовта спрема спортот бидејќи рекламираа изманици кои користат стероиди. Ме оттргнаа од мојот пат и ми ја зедоа љубовта кон спортот. Тоа е некако тажно, бидејќи треба да рекламираат борци кои не користат такви работи, но тие преферираат да го прават спротивното и тоа е грешка. Мислев дека Џеф Новицки беше одличен човек, но се покажа дека е продавач.

Погледнете, на пример, ситуацијата со Џон Џонс и Александар Густафсон. Тие преселија цел настан за скептик. Сите фанови изгубија многу од ова поради идиот. Им даваат време на борците да ги поминат тестовите и тврдат дека овие пикограми се од претходни неуспешни тетсови. Не е важно дали оваа супстанца е во него денес или пред 20 години, бидејќи тоа е во него и тој не мора да се бори, бидејќи е нелегален. Рекламираат стероиди.

Сепак, сакам да бидам шампион во ММА. Знам дека имам 44 години, но тоа е мојот сон. Почнав да губам борби во УФЦ штом сфатив дека никогаш нема да добијам шанса за титулата. Тешко е да се работи за организација која ве мами, а не само тебе, туку и други борци. Сакам да се борам уште пет пати и да видам дали е време да се пензионирам или, едноствано, само времето во УФЦ ме направило неспособен. Сè уште мислам дека сум многу подобар од многу борци“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО