Нашите боксери сонуваат да го освојат „Златниот гонг“!

Reprezentacija pred Zlaten gong

Утре почнува 45-от „Златен гонг“ на кој ќе учествуваат девет репрезентации, а Македонија ќе ја претставуваат пет боксери:  49 кг Исак Сулејмани (Тернипе), 52 кг Идриз Бислими (Шкупи), 56 кг Јасин Лама (Шкупи), 69 кг Осман Демиров (Баргала) и 75 кг Гоце Јанески (Аперкат).

Petre Curlinovski

Селекторот на репрезентацијата Петре Чурлиновски се осврна на настапот на нашите боксери.

„Со оглед на тоа што работиме, иако подготовките беа многу кратки, но со оптимизам и верба боксерите нема да разочараат. Имајќи го во предвид искуството на боксерите што доаѓаат од странство, како од Србија, Албанија, Бугарија, секоја победа ќе биде успех за овој состав. Меѓутоа, нема да биде изненадување ако некој во финалето се бори за „Златниот гонг“, вели Чурлиновски кој додава дека лошата состојба во Боксерската федерација на Македонија кумувала на лошата состојба на македонската бокс сцена.

Осман Демиров прикажува добри борби е препознатлив по цврстината во рингот. Тој за прв пат е на Златниот гонг, кој во очи на овој традиционален меѓународен турнир симна килажа за да настапи во една категорија подолу.

„Годинава имам многу малку борби, односно три. Ќе дадам се од себе, бидејќи тренирав. Се симнав во категоријата до 69 килограми затоа што тоа е подбро за мене и имам поголема брзина. Тренирав и ден и ноќ само да го освојам „Златниот гонг“, тврди Демиров.

Боксерот на Тернипе од Скопје, Исак Сулјеман, важи за многу талентиран, но и за него хендикипирачки се малкуте настапи оваа година, се на се 6-7 борби.

„Мислам дека ќе имам топ настап и ќе направам добар резултат. Го мислам и го сонувам  „Златниот гонг“ и ќе одам напред. Досега имам 7-8 настапи на нашиот реномиран турнир, сега е време да го освојам“, категоричен е Сулејман.

Boks reprezentacija vo Kontinental

Идриз Бислими е млад и перспективен боксер, кој имаше неколку успешни борби во последно време.

„Очекувам успех, бидејќи добро тренирав.Ова ми е вотро учество на „Гонгот“ и драгоцено ми е искуството од првиот настап, бидејќи се бориме со боксери од странство, кои се со подобар квалитет. Затоа што сум повисок од другите, ќе се обидам со левата рака да ги држам дистанца противниците“, посочува Бислими.

Јасин Лама демонстрираше добра форма на турнирот во Тетово и вели дека е подготвен да се вмеша во борбата за Златниот гонг.

Помошниот тренер во репрезентацијата, Мирко Ристевски-Мице, тврди дека нашите боксери ќе го дадат максимумот, иако се соочуваат со реален проблем- недостаток на борби, однонсо во годината имаат 3-5. Тој вели дека со толу малку борби не може да се очекуваат големи резултати.

„Ќе го дадат максимумот за нивен поголем успех и на Македонија. Не може да сметаме на врвни резултати, бидејќи за кратко време не може многу да се постигне. Очекувам 2-3 боксери да велзат во финалето, а еден од нив да го освои „Златниот гонг“, смета Ристевски.

Тој вели дека секоја победа ќе биде мотив повеќе за работа и за боксерите и за тренерите, но и за боскот.

„Жал ми е што кај нас нема борби, за што придонесе Федерацијата. Мораме да одиме настрана/странство, за да ја одржуваме формата“, нагласува Ристевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО