Нападнат Гордан Николов – тренер на БК Олимпија во инцидент на Изброното првенство во У-23

Изборното првенство за борачи до 23 години (У-23) во борење што се одржа вчера во Скопје го засени инцидентотшто се случил за време на една од борбите меѓу борачи на домаќинот Лирија и Олимпија од Штип, при што бил нападнат тренерот на штипската екипа Гордан Николов кој на својот Фејсбук статус напиша:

„Инцидент !!! Денеска во Скопје -Чаир се одржа Изборно првенство У-23 во организирано од страна на ФБСМ и технички организатор БК Лирија, на кое учествуваше и БК Олимпија-Штип со двајца борачи. Екипата ја водеа тренерите Гордан Николов и Кире Нисев. Во една финална борба помеѓу борач од Олимпија и Лирија нашата екипа на БК Олимпија која броеше 4 луѓе беше физички нападната од помногубројните, што борачи и роднини и публика на БК.Лирија, па мораше да интервенира полицијата. Им благодариме на нашите сограѓани од БК Балканец, со исклучок на само еден член кој помогна да не бидеме линчувани. Не бараме од нив да не бранат, но барем да го осудат ваквиот чин. Тоа е македонскиот синдром, за жал“!

Претседателот на Лирија Имер Кадријовски вели дека и тој слушнал за инцидентот.

„И јас имам слушнато… Се борелево финалето син на Гордан Николов со еден од нашите и дошло до инцидент“, изјави Кадријовски за Ipon.mk.

Од друга страна, Кадријовски во коментар на статусот на Николов напиша:

„Со најостри и со најголемата сила на зборот и духот го осудувам овој инцидент. Барам итно органите на власта, полицијата и судот, да ги земат во обѕир, фала му на Богу, имало видео снимки, да го расветлат случајот. Не знам точно што се случувало, но БК Лирија, како текнички организатор на Првенството, сноси одговорност за овој случај. И јас сум секогаш сум подготвен да придонесувам во борбата против злото, омразата, без обѕир од кого и која страна доаѓа… Ве молам, тука немојте да го мешате ФБСМ, оти стварно тие немат ништо со тоа, а никако политиката, бидејќи имам дадено заклетва дека не само што немам да дозволам расизам, гневови и омраза. Многу жестоко ќе се спротиставувам и ќе се борам против таквите појави“.

И двајцата борачи се дисквалификувани.

Сега на потег е ФБСМ, бидејќи во овие неколку години се случија повеќе инциденти, а секако тоа не формулата за враќањето на борењето на старите патеки. Според известувањата, таму биле и претседателот и неговиот заменик Бетим Вренези и Дејан Богданов, односно дошле подоцна, така што, најверојатно, имаа поподробни сознанија што се случуваше на Изборното првенство, затоа што ваквите работи не се пример за спортисти кои сакаат да бидат дел од европската и светската елита, ниту па дел од спортскиот дух.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО