Наместо на Светско првенство јуниорите си останаа дома – немало пари

Elmedin na EP Romanija 2016

Градот Макон во Франција е домаќин на Светското првенство во борење за јуниори, кое ќе заврши во недела. И на ова првенство македонските борачи останаа дома, иако беа пријавени.

Armin Idrizi

За Франција не отпатуваа Елмедин Сејфулаху, Армин Идризи, Адил Адили и Рамадан Мустафовски, поради немање на пари.

„Поради настаната ситуација со оставката на претседателот Ванчо Чифлиганец, Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) немаше средства за учество на јуниорите на СП во Франција, ова и го соопштивме и на клубовите чии борачи требаше да патуваат на ова првенство. Им предложивме ако имаат пари дека може да настапат на СП“, вели секретарот на ФБСМ, Љупчо Лазаревски.

Ramadan Mustafovski borba

Очигледно е дека и клубовите немале пари или, пак, не скале да ги трошат за јуниорите.

Adil na piedestal 2016 Pariz

Да потсетиме дека и кадетитет не патуваат на Европското првенство во Стокхолм, Шведска, од 19 до 24 јули. Така, Столе Ефтимов, Минир Реџепи и Фати Вејсели си останаа дома од истата причина – немање пари. Само клубот на Рамзан Гаџиханов ги плати трошоците за својот борач, односно БК Вардар.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО