Најскапите боксерски мечеви во историјата!

flojd-mani 250

Откако стана јасно дека боксерската средаба меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао конечно ќе се случи, кога се решија најважните прашања од финансиски карактер. Се очекува мечот да ги собори сите финансиски рекорди во боксот. Со помош на CBS и Showtime, Мејведер може да заработи до 120 милиони долари за 12 рунди, ако воопшто дојде до толку, додека Пакијао може да заработи околу 80 милиони долари. Боксот многу зависи од приходите од pay-per-view продажбата и ќе продолжи да зависи, но овој пат цените ќе бидат прилично надувани. Во денешно време само средба на Мухамед Али или Мајк Тајсон би можела да ги собори рекордите на Мејведер.

Видете кои се најскапите боксерски натпревари во историјата:

 5. Мајк Тајсон против Ивендер Холифилд – 28 јуни 1997 година (100,2 милиони долари)

Tajson-holifild

Во веројатно најдискутираниот меч во историјата на боксот, Мајк Тајсон заработи 30 милиони долари, откако гризна дел од увото на својот ривал Ивендер Холифилд. Тоа беше реванш мечот, откако во првиот Холифилд побед. Тоа беше големо изненадување, па резултатот во вториот судир од рекламен аспект беше многу интересен. Тајсон заработи 30 милиони, додека на Холифилд, како победник, му припаднаа 33 милиони долари. Вкупните приходи од натпреварот, вклучувајќи 1,9 милиони од pay-per-view претплатата и продажбата на билети, достигнаа 100 милиони долари. Многу фанови сепак се почувствуваа измамени, бидејќи натпреварот заврши во третата рунда, кога Тајсон гризна дел од увото на Холифилд.

http://youtu.be/fCJtMij_57c

4. Ленок Луис против Мајк Тајсон – 8 јуни 2002 година (112 милиони долари)

Lenoks luis-tajson

Пред неколку години, ако во бокс меч во тешка категорија учествуваше Мајк Тајсон, се генерираа огромни приходи. Во својот последен натпревар во тешка категорија Британецот Ленокс Луис го одбрани појасот, откако го нокаутира Тајсон во осмата рунда. Скоро 2 милиона луѓе имаа pay – per – view претплата, а билетите за натпреварот во Пирамидата во Мемфис чинеа по 2.400 долари, што генерираше вкупно приходи од 112 милиони долари.

3. Оскар де ла Хоја против Флојд Мејведер – 5 мај 2007 година (136 милиони долари)

Oskar deka Hoja-mejveder

Откако Мајк Тајсон се замеша во многу проблеми и го напушти боксот, Флојд Мејведер почна да ја гради репутацијата на најдобар боксер во светот, независно од категоријата (pound – for – pound). Мејведер му ја презема титулата во ВБЦ од Оскар де ла Хоја на 5 мај 2007 година во МГМ Гранд во Лас Вегас. Средбата оствари приход од 19 милиони долари од продажба на билети. ХБО, пак, направи рекордни 2,4 милиони од pay – per – view купување по цена од 55 долари.

2. Флојд Мејведер против Саул Алварез – 13 септември 2013 година (150 милиони долари)

Flojd-Alvarez

Во 2013 година на Мејведер му падна џекпот. Мејведер и CBS/Showtime потпишаа договор за шест натпревари, кој можае да му донесат над 250 милиони долари, во зависност од pay – per – view продажбата. Натпреварот против Алварез беше втор од овие шест натпревари по договор, а приходите од него беа 150 милиони долари. Заработката од мечот на Мејведер стана втора во историјата по најголема продажба на pay – per – view. Мејведер заработи 41,5 милиони долари за 12 рунди.

1. Флојд Мејведер против Мани Пакијао – 2 мај 2015 година (250 милиони долари)

flojd-mani 250

Долгоочекуваниот натпревар помеѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао конечно ќе стане факт на 2 мај во МГМ Гранд во Лас Вегас. Средбата ќе генерира многу пари, а се очекува да се собори секој финансиски рекорд во боксот. Мејведер може да заработи 120 милиони долари, додека уделот на Пакијао, најверојатно, ќе биде околу 80 милиони долари. Според некои очекувања, цената за pay-per-view ќе биде околу 100 долари. Се очекува МГМ да заработи околу 20 милиони долари од продажбата на билети. Според обложувачките куќи, Мејведер е фаворит со коефициент 2,5 до 1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО