Џош Неер претепа човек што го предизвикувал преку интернет! (ВИДЕО)

Neer josh

МMA ветеранot, Џош Неер, ги полни насловните страници на боречките портали, откако тој објави видео во кое победи-претепа човек кој, наводно, постојано преку интернет го предизвикувал на борба.

 Неер својот „противник“, Патрик Мартин, го нарече „кретенот кој со месеци серел по ММА борците“, тврдејќи дека Мартин со месеци преку интернет го предизвикувал на борба. Неер за Bloodyelbow.com рече дека на крајот го повикал Патрик да дојде во неговата сала.

 Џош ги поседува „скриншотовите“ на пораките што ну ги праќал Мартин. Тој рече дека Патрик побарал подобро да се бори со него отколку со поголем спаринг партнер и дека Мартин продолжил да испраќа пораки и по пресметката во салата.

 Снимката покажува како Неер неколку пати со лактот го удира во главата, наводно, онесвестениот Мартин, а последениот пат го удрил со нога додека неговите колеги го тргаат од него.

 ММА салите често бараат од своите членови да потпишат изјави дека салите се иземаат од каква било одговорност. Не е познато дали Мартин потпишал таква изјава. Сепак, професионалните борачи во судот не може да се третираат поинаку од другите луѓе кои не знаат некои боречки вештини, бидејќи тие знаат вештини што можат да бидат опасни по живот.

 Неер (36-14-1) последен пат се бореше во Белатор, каде што загуби од Пол Бредли на Белатор 129. Порталот MMAjunkie.com во неколку наврати од Белатор го побара одговор за статусот на Џош во организацијата, но без успех. Беа неуспешни и при обидот да се стапи во контакт со Џош Неер.

http://youtu.be/vXeBwZLaqOg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО