Најскандалозното судење во историјата го испрати Бреидис во финалето (ВИДЕО)

Најскандалозното однесување во историјата на боксот го испрати Меирис Бреидис во финалето на Светската боксерска супер серија во полутешка категорија. Борбата официјално заврши во третата рунда противникот на Латвиецот Кшишов Гловацки беше нокаутиран. Борбата беше за титулата на Светската боксерска организација и се одржа во Рига (Латвија).

Во главна улога се најде судијата Роберт Бирд. Во втората рунда тој донесе низа на неверојатни одлуки. Се започна со брутален намерен лакт во главата на Гловацки. Притоа падот беше по командата стоп. Полјакот падна на земја и беше видливо зашеметен. Тој му објасни на судијата дека бил погоден од лактот. Подмолниот удар на Бреидис дојде по несамсното паѓање зад главата на Гловацки.

https://twitter.com/Daily_Bruise/status/1140010430024208384?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1140010430024208384&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D790886

Разнишаниот Полјак се фрли на разамена, но повторно беше срушен на подот. Тој успеа да стане, а потоа да се врати во директна борба. Гонгот удари, но судијата воопшто не го слушна. Полјакот продолжи да прима удари на 5-6 секунди. Тренерот на Гловацки дури се искачи во рингот, за да истакне дека гонг го огласил, но американскиот судија во рингот не го виде.

https://twitter.com/MrBradleyCullen/status/1140020712742277121?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1140020712742277121&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D790886

 Храбриот Гловацки не се откажа, но премногу изеде ќотек. Тој се нафрли во третата рунда и брзо беше откажан. Во финалето, Латвиецот ќе се бори со Јуниор Дортикос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО