Најочекуваната борба во 2020 година Исмаилов-Штирков

Викендов во Москва ќе бидеме сведоци на една од најочекуваните борби во Русија во 2020 година.

Еден од најсаканите борци во руската ММА ќе биде на чело на АЦА 115 што ќе се одржи на 13 декември. Магомед „Ќелавиот предатор“ Исмаилов ќе се бори против Иван „Уралскиот Хулк“ Штирков во тешка категорија. Чеченската организација не престана да го рекламира овој дуел кој ветува голем спектакл.

Исмаилов стана уште попознат годинава откако во јули го скрши Александар Емилијаненко во борба во кафезот на АЦА. Штирков пак стана познат по падот на допинг тестовите на УФЦ и беше суспендиран две години од УСАДА.

Иван не успеа да дебитира во најголемата ММА организација, но во АЦА нема дпопинг тестови, така што ова е музика за неговите уши.

Овае  видеото со кое АЦА повторно ја рекламира битката, која тие ја дефинираа како најочекувана за 2020 година.

https://www.youtube.com/watch?v=TsLU8nCl6e4&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО