Најмладиот светски првак ја одбрани титулата на ВБЦ во суперсредна категорија (ВИДЕО)

Дејвид Бенавидез (20-0,17 КО) ги отстрани сите сомнежи во реваншот со Роналдо Гаврил (18-3, 14 КО) и за прв пат ја одбрани титулата на ВБЦ во суперсредна категорија.

Најмладиот актуелен светски шампион, 21-годишникот од Феникс, во Лас Вегас ги победи Романецот со убедлива судска одлука, добивајќи ги ка двајца судии сите рунди – 120-108, 120-108, 119-109.

Во првата битка минатиот септември во која се бореше за слободната титула Бенавидез славеше со поделена одлука, а во последната минута од мечот се најде во нокдаун.

https://youtu.be/roATYA3o-T8

https://youtu.be/CYIRV680gnE

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON