Најдобрите во супер тешка: Фјури, Кличко, Поветкин…

Tajson Fjuri so pjasi

Според „боксерската Библија“ www.boxrec.com  во супер тешка категорија во збирниот рејтинг број еден боксер на планетата Земја е светскиот шампион во верзиите ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури (Велика Британија), а втор е поранешниот хегемон во оваа категорија Владимир Кличко (Украина).

На третата позиција е Русинот Александар Поветкин, кој на 21 мај во Москва ќе се бори за титулата на ВБЦ против актуелниот светски шампион во оваа верзија Дионтеј Вајлдер, кој е веднаш зад него. Кубрат Пулев (Бугарија) е петопласиран.

Новиот светски шампион на ИБФ, Ентони Џошуа (Велика Британија), е број 7, Чарлс Мартин (САД) е девети.

Рангирањето се формира на база позициите во ранглистите на поединечните верзии на светските титули и објективно одразува односот на силите.

https://youtu.be/aX0dGj0aOOw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО