Најдобрите таеквондисти на еден од најсилните Г-1 турнири – „Србија опен 2018“ (ФОТО)

Македонските таеквондисти утре ќе настапат на еден од најсилните Г-1 турнири во регионот и светот „Србија опен 2018“ во Белград, како последен тест за Европското првенство во У-21 во Полска.

На овој турнир ќе настапат 1.200 натпреварувачи од цел свет.

За Македонија ќе настапат сениорите Дејан Георгиевски +87 кг, Коки Георгиевски -74 кг, Филип Додевски -80 кг, Иван Крстевски -63 кг, како и јуниорите Филип Станенов -63 кг, Марко Аврамовски -55 кг и Кирил Блинџов -55 кг.

„Во категоријата на европскиот првак Дејан Георгиевски е светската таеквондо ѕвезда Махатма Чо од Британија кој го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Рио и е актуелен вицешампион од последното Светско првенство. Кај Филип Додевски се таеквондо ѕвездите Арон Кук, актуелен освојувач на трето место на СП… Овој турнир е голем тест за Европското првенство во У-21 во Полска на 7 ноември“, истакнавуваат од нашиот табор.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО