Џарел Милер доби нов противник за борбата за појасот на ВБА (ВИДЕО)

Џарел Милер (22-0-1, 19 КО) на 17 ноември во Атлантик Сити ќе се бори за слободната „регуларна“ титула на ВБА во тешка категорија.

„Големото бебе“ требаше да се бори против Фрес Оквендо, но 45-годишниот Порториканец кој по судски пат се зибори за овој меч и го чекаше 4 години ја одби борбата.

Имаше информации дека Оквендо одбил милион долари за меч што неговите промотери го негираа тоа.

Оквендо одби борбата бидејќи смета дека нема доволно време за да ја помине антидопинг контролата на ВАДА.

На Порториканецот веќе три пати до сега му е откажуван меч за секундарниот појас на ВБА, бидејќи Лукас Браун, Шенон Бригс и Мануел Шар паднаа на допинг тестот пред да се борат со него.

Милер наместо со Оквендо ќе се бори со малку познатиот Ррманец Богдан Дино (18-0, 14 КО). Моментално е на 54 место на боксерската листа на тешкашите.

Во сабота боксира на настан во Софија против Том Литл кој загуби во последните два меча од Филип Хрговиќ и Даниела Дубоа.

https://www.youtube.com/watch?v=Xec-ARSuSl0

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО