Најдобрата пријателка на Ронда пак загуби со технички нокаут-за 37 секунди! (ВИДЕО)

Ронда и другарка и

Дебито на Марина Шафир во женската ММА организација Invicta FC беше доста кратко. Ова, сепак, не е комплимент. 

ронда и шариф

Најдобрата пријателка на Ронда и нејзина спаринг партнерка, ја загуби борбата од Амбер Лајброк за само 37 секунди, беше поразена со технички нокаут. Ова беше прв професионален ММА натпревар на Лајброк. Таа успеа да ја собори Шафир со еден удар, а потоа продолжи со граунд енд паунд, додека нејзината противничка се обидуваше да ја нападне со заклучување на нозете.

Марина Шафир ја загуби втората средба со нокаут во првата рунда. Таа има една победа како професионалец, а аматерската кариера и заврши без ниту еден пораз.

https://youtu.be/MkeVIbZDpo0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО