Најдобрата млада спортистка Моника Пендароска: Исполнување на сонот – обезбедување олимписка норма! (ФОТО)

monika-ja-gleda-statuetakata

Каратистката на Макпетрол, Моника Пендароска, синоќа беше избрана најдобра млада спортистка за 2016 година на Македонија.  

monika-pendaroska-so-satueta-2016

Пенадароска (-53 кг) направи хет-трик на европскиот првенства за кадети, јуниори и јуниори до 21 година откако на Европското првенство во Лимасол, Кипар, го освои бронзениот медал во борби. Претходно беше успешна на ЕП 2013 година во Коња-Турција и минатата година во Цирих, Швајцарија.

Пендароска (-53 кг)  за бронзениот медал се бореше со Србинката Александра Вујасиновиќ и убедливо ја совлада со 7-0. Јуниорката Моника прво со 5-0 ја совлада Словенката Барбара Хаберл, потоа Саде Тигер од Финска 2-0, на ред беше Германката Гизем Бугур (1-0), а во полуфиналето загуби од Маја Шаерер од Швајцарија (0-3).

momnika-pendroska-so-kire

Пендаровска освои бронзен медал и на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Сараево, Босна и Херцеговина.

„Огромна чест и мотивација ми претставува ова признание, воедно и поттик за понатамошно подготвување и докажување во годините што следат, вели најдобрата млада спортистка.

Во февруари во Софија ја чека нов предизвик – Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, но сега во најсилната конкуренција до 21 година.

„За Европското првенство можам само да ветам дека ќе се потрудам да го дадам својот максимум и да се преставам во најдобро светло, категорична е Пендароска.

monika-pendarovska-sama-na-ep-2016

Секако, со својата младост и досегашните резултати таа е кандидат и за сениорската репрезентација и борба за учество на историската Олимпијада за каратето во Токио, Јапонија, 2020 година.

„Не сакам да зборувам за тоа што  следи. Во иднина, се разбира, ќе продолжам да вежбам и ќе се потрудам да го исполнам сонот на секој спортист – обезбедувањето на олимписка норма“.

makpetrolki

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО