Најавена е првата прес-конференција на Конор и Флојд пред 10.000 фанови

Подгответе се месец и половина за луди денови. Со други зборови, немате уште многу до вистинскиот почеток на промоција „Танц со 180 милиони долари“, бидејќи е најавена првата прес-конференција на која ќе се најдат Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер.

Како што информираат некои релевантни британски спортски медиуми, на стадионот Вембли во Лондон треба да биде домаќин на првата прес-конференција пред мечот, кој ќе се одржи на 26 август. На неа за прв пат треба да се најдат заедно Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер Јуниор, а според првичните најави, во продажба ќе бидат пуштени 10.000 билети за заинтересираните навивачи. Се прашувате дали тие ќе бидат распродадени? Со англиски речник, сметаме дека тоа е “no brainer “.

Уште нема никаква службена потврда, но се говори дека во прашање е идниот викенд,  однонсно 14 или 15 јули. Интересно е како Флојд се согласил да ја одработи првата прес-конференција во поприлично непријателска средина, бидејќи не постои сомнеж дека мнозинството од присутните фанови ќе бидат на страната на Мек Грегор и дека нема сомнение оти Ирецот посебно се подготвува за таа прилика, не само за средбата која ќе му ја донесе заработувачката во кариерата.

Претходно Дана Вајт најави дека двајацата спортисти наскоро ќе тргнат на светска промотивна турнеја, а сега се чини дека Лондон е почетната станица. Интересно, турнејата нема да ги посети родните места на боксерите, Даблин на Мекг Гегор и Гранд Рапидс, Мичиген, на Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО