Најатрактивните кик бокс дисциплини не се вклучени на Европските игри

Кик боксот за првпат е присутен во програмата на Европските игри. Спортот сега е дел од олимпиското семејство и е додаден во изданието за Стариот континент.

Големото прашање беше точно кои дисциплини и во кои категории ќе бидат вклучени, а ВАКО конечно одговори на тоа.

За жал на многумина, дисциплините К-1 и лоу кик се испуштени од организаторите. Од ринговите дисциплини ќе биде застапен само фул контактот, а овој тип на кик бокс има сериозни ограничувања.

Веројатно следната година ќе видиме поместување во оваа насока.

Одлуката за категориите и за мажи и за жени е исто така сериозно изненадување. Популарните категории за жени 48-56 кг се ставени во една, па така на 52 кг се очекува застапеноста да биде огромна. Многу од спортистите од 48 килограми ќе треба да се кренат, а оние од 56 килограми ќе ја намалуваат тежината.

Од друга страна, планирана е категорија за 70 килограми, кои не се толку многу.

Кај мажите најтешките ќе треба да се симнат до 86 кг, ако одлучат воопшто да учествуваат.

Ова се категориите за кик боксерите на патот кон Краков 2023:

Фул контакт

Мажи: 63,5 кг, 75 кг, 86 кг

Жени: 52 кг, 60 кг, 70 кг

Поинт фајт

Мажи: 63 кг, 74 кг, 84 кг

Жени: 50 кг, 60 кг, 70 кг

Лајт контакт

Мажи: 63 кг, 79 кг

Жени: 50 кг, 60 кг

На првите осуммина на Европското првенство на ВАКО во 2022 година ќе им биде загарантирано учеството на Европските игри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО