Нагну влева страв во очите пред пресметката со Миочиќ, погледнете како изгледа неговиот тренинг (ВИДЕО)

За нешто повеќе од три недели, ќе се одржи УФЦ 260 настан предводен од борба за титулата во тешка категорија меѓу Стипе Миочиќ (20-3) и предизвикувачот Френсис Нгану (15-3), тоа ќе биде нивниот втор меч. Стипе го победи Камерунецот во првата средба во јануари 2018 година, така  по трет пат ја одбрани титулата на УФЦ.

По тој дуел Стипе имаше три меча против Даниел Кормиер. Американско-хрватскиот борец ја загуби титулата во првата (јули 2018 година), а потоа го врати шампионскиот појас (август 2019 година). Во последниот судир во август минатата година, Миочиќ го победи Кормиер со едногласна одлука на судиите.

Тоа беше 20-та победа на Стипе во кариерата што го направи првиот борец во УФЦ кој победи на шест меча за шампионскиот појас и првиот што ја одбрани титулата четири пати.

По поразот од Стипе, Нагану исто така загуби (јули 2018 година) против Дерик Луис, а потоа со четири брзи победи по ред стигна до позицијата предизвикувач.

Последната победа ја освои минатата година против Жаирзињо Розенструик, кого го порази со технички нокаут за 20 секунди.

Букмејкерите му даваат предност на Камерунецот пред мечот (1,65), додека коефициентот за шампионот Миочиќ е 2,30.

Нгану неодамна откри што згрешил во првиот судир против Миочиќ и како научил многу од тогаш. Камерунскиот борец напредуваше за три години и ќе му се закани на Стипе со разни оружја.

А, како се подготвува покажа во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО