Над 40.000 љубители на боксот би сакале да бидат погодени од десницата на Вајлдер за 5 милиони фунти

Шокантното признание направија над 40.000 љубители на боксот, на кои им беше поставено следново прашање: „Дали би добиле моќен удар со десната рака без ракавица од Дионтеј Вајлдер во замена за 5 милиони фунти?“ Од нешто над 50.000 анкетирани, 80% рекоа да.

За 34-годишниот американски боксер во тешка категорија е познато дека има еден најопасните удари со десна рака во историјата на овој спорт. Тој забележа неверојатни 41 победи со нокаут во професионалната кариера.

Сепак, некои разумни фанови дури додаваат дека нема да можат да уживаат во парите по ваквиот удар поради смрт, додека други велат дека веројатно ќе останат „растенија“ до крајот на животот после тоа.

Часови остануваат до тоа да видиме дали Тајсон Фјури би можел да издржи ваков удар, а цената не е помалку значајна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО