За 46.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“, кој се одржува на 11-12 ноември во Скопје, досега се пријавени за учество Англија, Албанија, Босна и Херцеговина, Белгија, Словенија, Србија, Романија, Црна Гора, Холандија, Хрватска, Косово и Македонија, со повеќе од 52 боксери. До утре се очекува и пријавата на Бугарија.
Турнирот се одржува во „Вип арената“ во Спортскиот центар „Борси Трајковски“ во малата сала.
Ipon.mk/В.Д.