Непоразениот руски УФЦ борец во бантам категорија Умар Нурмагомедов успешно го оперира рамото.
На 5 август Умар Нурмагомедов требаше да се бори со четврторангираниот во категоријата Кори Сандхаген. За жал, рускиот борец беше принуден да се повлече од борбата поради повреда на рамото. Тој беше заменет со Роб Фонт.
Многу луѓе беа разочарани од повлекувањето на Омар, затоа што ова ќе беше борбата што ќе го исфлеше на врвот. Сепак, тој изјави дека не може повреден да влезе во најважната борба во кариерата.
„Се заврши, брат. Сега рехабилитација“, напиша Омар.
Умар Нурмагомедов има 16 победи во 16 борби во професионалната ММА кариера. Во средината на јануари годинава го победи Раони Барчелос со нокаут во првата рунда. Победата беше негова четврта во УФЦ и му донесе бонус од 50.000 долари.