На Тајсон му е жал што го претепа пијаното момче во авионот (ВИДЕО)

Пензионираниот боксер Мајк Тајсон пред два месеци претепа патник во авион.

Мажот кој бил под дејство на алкохол го провоцирал поранешниот светски шампион во тешка категорија, а Тајсон физички го нападнал откако неколку пати го замолил да престане да провоцира. Објавено беше и видео, а Тајсон зборувал за инцидентот како гостин кај Џими Кимел. „Не требаше да го сторам тоа, но бев иритиран, уморен и лут. Се случуваат ср**а“, објасни прославениот боксер.

Медиумите го открија и идентитетот на напаѓачот на Тајсон. Неговото име е Мелвин Таунсенд III, човек претходно познат на полицијата. Се вели дека имал дебело криминално досие за проневера, кражби, кражби на возила и тешки кражби. Два пати бил во затвор, еднаш 20 месеци и еднаш 15.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО