На Спортист на годината ќе се прогласуваат и спортски амабасадори

borce marjan pres za sportist na godinata

Со одлука на Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт од годинава ќе доделува титула спортски амбасадор. Ова признание годинава први ќе го добијат Кирил Лазаров, Андон Дончевски, Јошко Миленковски и Агим Ибраими.

Директорот на АМС, Марјан Спасески, најави дека ова признание секоја година ќе им се доделува на најмалку двајца-тројца врвни спортисти и спортски работници и дека се размислува спорттските амбасадори да добијат и дипломатски пасоши и тоа да биде бенифиција од државата за нивните активности во меѓународната промоција на државата.

АМС и Сојузот на спортски федерации на Македонија ќе ги прогласат најдобрите во македонскиот спорт за 2015 на свеченоста што ќе се одржи на 23 декември со почеток во 19 часот во Македонскиот народен театар.

На годинашниот избор на најдобрите за 2015, номинирани се спортисти и спортски субјекти во десет категории и три категодии за најуспешни спортски клубови во основно, средно и високо образование. Во изборот на АМС гласаа 28 спортски федерации и 12 медиуми и седумчлениот Совет за спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО