Конор Мек Грегор во април ќе се бори за титулата во лесна категорија

Konor so pojas i cvikeri

Мек Грегор стана шампион на УФЦ во перо категорија, откако го нокаутира Хозе Алдо само за 13 секунди на УФЦ 194.

Алдо сака реванш, Френки Едгар исто сака дуел со Мек Грегор, но амбициите на Конор во моментов се насочени во друга насока – имено, освојување и на титулата и во лесна категорија.

Неговиот тренер Џон Каванаг изјави дека од УФЦ им ветиле дека Мек Грегор ќе сретне со Рафаел дош Ањош, кој за титулата го победи Доналд Кероне, уште во април:

„Што е следно за Конор? Па, освојувањето на појасот во лесна категорија. Тој има потреба да се одмори малку од настапите во  перо категорија, иако овој меч му беше најлесниот до овој момент. Но, имајте на ум дека зборот „лесно“ е релативен термин. Постигнувањето на сè до овој момент бара од него таква дисциплина која 99,9 отсто од луѓето ја немаат.

Па, следниот чекор за него ќе биде освојување на титулата во лесна категорија. Тој доби зелено светло да се бори за неа.

Ние веруваме дека тоа ќе се случи во април.

Ако Френки Едгар сака повторно меч титулата со Конор, или, пак, Алдо сака реванш, ние се согласуваме. Но, ќе мора да почека, бидејќи во моментов приоритет ни е титулата во лесна категорија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО