Холифилд: Кличко ќе го победи Фјури, ако ја смени тактиката

Klicko Fjuri vo borba

Легендата на американскиот бокс, Ивендeр Холифилд, е убеден дека Владимир Кличко ќе go победи Тајсон Фјури ако ja смени тактиката во реваншот. Вториот дуел меѓу двете ѕвезди во тешка категорија ќе се одржи напролет или на почетокот на летото. Во моментов таборите на боксерите прегораат за точен датум и место.

„Фјури се бори непридвидливо, а Кличко не успеа да се адаптира. И мене ми се случило такво нешто. Затоа сум губел од боксери како Џон Руиз. Не се чувствував добро против него. Победи во тој меч со мала разлика. Истото се случи и со Фјури. Кличко мора да биде поагресивен и да задава повеќе удари. Кличко е подобар боксер, но Фјури е помлад и енергичен. Тоа е како шаховска битка. Ако Кличко ја смени тактиката, ќе победи. Нема зоштш да се качува во рингот без да е убеден во својата победа. Затоа обложувајте се на него“, рече Холифилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО