На СП во џудо руски навивачи исфрлени од салата поради воен симбол

Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) исфрли од Светското првенство во Доха група руски навивачи кои во салата се појавија со Лентата на Свети Ѓорѓи, која од 18. век се користи во Русија како воен симбол.

Организаторите првично ги повикаа руските навивачи да ја отстранат лентата, а откако тоа одбија да го сторат беа исфрлени од салата.

На руските навивачи им е забранет влез во салата во Доха до крајот на СП во џудо.

Од почетокот на војната во Украина, СП во џудо е првото големо меѓународно натпреварување на кое настапуваат спортисти од Русија и Белорусија.

ИЈФ даде дозвола за враќање на Русија и Белорусија, под услов тоа да го направат поединечно и како неутрални спортисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО