На Пориер во моментов повеќе му одговарала борба со Хабиб отколку меч за појасот против Оливеира

Дастин Пориер треба да ја има следната борба против шампионот во лесна категорија, Чарлс Оливеира. Дијамантот двапати го победи Конор Мек Грегор по победата против Ден Хукер, па сега треба да победи и во борбата за УФЦ појасот.

Но, во неодамнешниот разговор рече дека Бразилецот не е неговиот најголем предизвик во моментов.

„Хабиб би бил подобар противник за мене, но тој веќе не се бори. Но, можеби станува збор за Ислам Махачев, бидејќи има сличен стил како Хабиб“, рече Дастин Пориер и ја коментираше вештината на непоразениот Дагестанец:

„Нозете му се како раце, тоа што го прави со нозете и начинот на кој те крши е одлично. Хабиб е навистина добар. Ме задуши, а јас сакав да понудам тешка борба. Го направи она што го прави секогаш, а јас не можев да го спречам“.

Поарие последен пат загуби против Хабиб Нурмагомедов во борба за појасот на УФЦ во лесна категорија, кога Дагестанецот го задави во третата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО