АктуелноБалкански првенстваБокс
На Опен Балкан шампионатот утре настапуваат четворица боксери, Ален Рустемовски против Никита Косман од Русија

На Опен Балкан шампионатот во Пале, Босна и Херцеговина, под покровителство на ЕУБЦ утре ќе настапат четири боскери од Македонија.
Најтешка задача ќе има најдобриот македонски боксер Ален Рустемовски, кој ќе се соочи со Русинот Никита Косман.
52 кг Никола Ракичевиќ (Црна Гора) – Андрј Мајкиќ (Македонија)
63,5 кг Данико Марковиќ (Црна Гора) – Синиша Талевски (Македонија)
60 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Никита Косман (Русија)
71 кг Хамза Рашљанин (Србија) – Наум Стојаноски (Македонија)



