Откако прво Хорхе Линарес, а потоа и Емилијано Марсили ги откажаа борбите со Дејан Златичанин, Црногорецот доби нов противник.
Златичанин на 11 јуни во Верона, во државата Њујорк, ќе се бори за испразнетата титула на ВБЦ во категоријата до 61 килограм против Френклин Мамани (02/01/21, 12 КО).
Боливиецот (29 г.) веќе беше на подготовки за мечот со Чад Бенет за сребрениот појас на ВБЦ во Кина во јули. Мамани ги доби последните десет средби, а последните три со прекин. Рангирана е на 5 место на листата на предизвикувачи на ВБЦ.
https://youtu.be/vUIH1nwVfqI