На КРА Нико му тргна во џудото – освоени сребро и бронза на Државното првенство за Пелистер

И во вториот настап на членови од КРА.Нико од Кочани кои се борат за Џудо клубот Пелистер од Битола освоија медали, и тоа сребрен и бронзен на Државното првенство во џудо за пионери и јуниори кое вчера се одржа во Битола.

Дијана Иванова го освои бронзениот медал, а Михаил Малинов сребрениот. Медалот на Иванова е „потежок“, бидејќи се бореше во потешка категорија и со повозрасни пионерки.

Инаку, настапија Дијана Иванова, Михаил Малинов, Станче Минов, Филип Јакимов и Матеј Георгиев.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО