Хамза Јашари за малку остана без бронза на Европското џудо првенство

Многу добро издание на Хамза Јашари (-66 кг) на Европското првенство за кадети во Каунас-Литванија, на кого за малку му избега бронзениот медал. Јашари забележа вкупно три победи на шампионатот, а клучната за бронзениот медал ја загуби.

Хамза во првото коло беше поуспешен од Даниел Нуриев од Естонија со еден ипон, а во второто од Лука Рубека од Италија со еден вазари, додека во третото беше поразен од фаворитот на првенството Гњаз Махмудлу од Азербејџан кој стигна до финалето и го повлече нашиот репрезентативец во репасажот. Јашари стартуваше успешно совладувајќи го со ипон Гонкало Лопез од Португалија, а потоа и Давид Иванијан од Данска со вазари, а во борбата за бронзениот медал Русинот Дмитри Придира го совлада со ипон.

Арбреша Реџепи (-48 кг)во првото коло славеше против Нуне Назарјан од Ермиенија со ипон, а во второто коло претрпе пораз од Австријката Аника Шичо со ипон. Реџепи не доби шанса за репасаж.

Од нашите репрезентативци останува да се бори уште Еди Шерифовски (-73 кг).

https://youtu.be/-gr7dnCkiOM

.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО