Двократната олимписка шампионка во џудо ќе дебитира во ММА

Oлимписката златна медалистка во џудо, Кајла Харисон, потпиша договор со Professional Fighters League (PFL/ПФЛ) и своето деби во ММА ќе го направи во февруари. ПФЛ е новото име на организацијата, позната како WSOF/ВСОФ.

26-годишната натпреварувачка тргна по стапките на познатата спортисти како Ронда Русеј и Сара Мек Ман, кои исто така се олимписки медалисти со кариера во ММА.

Натпреварувачката од Охајо го освои златото на Игрите во Лондон во 2012, а потоа и во 2016 во Рио де Жанеиро, Бразил. Без сомнение таа е најдобрата американска џудистка во моментов и дебито и во ММА ќе се очекува со интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО