Бени Османоски за 1 минута го нокаутира Џијардило, во Македонија ќе се подготвува за одбраната на светската титула

Бени Османоски со нокаут во прва минутаод борбата го декласира искусниот Италијанец Марио Џијардило на Најдоброто од Спарта во Швајцарија изминатиов викенд.

Сепак, ова е само вовед на она што следува – одбраната на светската титула на ВКУ во К-1.

„Имав закажано борба за одбрана на светската титула ИСКА, истата вечер кога се борев со Италијанецот, но се одлучив за 3 рунди по 3 минути, бидејќи не можев така добро да се подготвувам за борбата и да ја ставам на ризик светската титула. Таа одлука ја донесавме јас и мојот тим, бидејќи беше светиот муслимански месец Рамазан, кој го почитувам и постам секоја година и сум многу посветен на тоа цел месец, така што немав толку време за тренинг“, вели Османоски за Ipon.mk.

 

„Кучето“ од Октиси вели дека тренирал само неколку часа неделно за оваа борба, ништо посебно. Сепак, му благоради на Господ борбата што борбата заврши брзо и без никаква повреда.

„По летниот одмор, кој ќе го поминам по светот, а и подолго време во мојата земја Македонија, која ми е најмила од секое место во светот, следи одбраната на светската титула во К-1 на ВКУ, Во новември или декември одбрана и на светската титула во ИСКА“, истакнува Османоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО