На Хабиб му предложиле 100 милиони долари за борба со Мејведер

Шампионот во лесна категорија УФЦ, Хабиб Нурмагомедов продолжува да тврди дека се повлекол од спортот, но тоа не го спречува да дава спектакуларни понуди.

Се чини дека „Орелот“ добил понуда за меч во боксерскиот ринг против Флојд Мејведер за баснословна сума од 100 милиони долари.

Ова го објави менаџерот на Дагестанецот, Али Абделазиз. Тој рече дека добиле понуда за огромна сума и дека претседателот на УФЦ Дана Вајт се согласил.

„Добивме понуда од 100 милиони долари за боксерски меч против Флојд Мејведер. Дана Вајт се согласува, сите се согласуваат. Но, Хабиб е ММА борец. Ако Флојд сака да дојде да се бори според ММА правилата и да го исшутираат задникот, немаше да има проблеми“, рече Али.

Дури и со толку многу пари на маса, според Абделазиз, би било опасно за Нурмагомедов да ја прифати понудата. Тој изјави дека Русинот нема искуство во професионалниот бокс. Менаџерот додаде дека предлогот постои веќе подолго време – пред борбата на Хабиб со Џастин Гејџи.

Мејведер во моментов е зафатен со подготовките за средбата во февруари со Јутјуб ѕвездата, Логан Пол. 43-годишниот боксер се соочува со 25-годишниот инфлуенсер, кој има само една борба во рингот.

По оваа битка, сепак, Флојд ќе сака нова борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО