На денешен ден Дејан Георгиевски ја крена нацијата на нозе – освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио 2021

На денешен ден Дејан Георгиевски (+87 кг) го свои историскиот сребрен медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.

Георгиевски во финалето загуби од светскиот првак Русинот Владислав Ларин со 9-15.

Георгиевски ја израдува нацијата и по 20 години пост и донесе медал на Македонија од Олимписките игри.

Така, по децении, како македонски спортист родум од Македонија, освојува медал на Олимписките игри. Георгиевски се нареди до великаните на македонските спортисти како Шабан Трстена, Шабан Сеиди, Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Стојна Вангеловска, Благоја Георгиевски, Благоја Видиниќ, Милко Ѓуровски…

Текот на борбата

Прва рунда – 0-1 казнен поен, удар со рака и 0-2. Приговор од селекторот Борче Костовски за држење на ногата, но не беше прифатен.

Втора рунда – удар со нога 2-2, но Ларин брзо реагираше и поведе 2-7, 4-7, 5-7, 5-9 и 7-9.

Трета рунда – 7-10 со казнен поен, 8-10, 8-13 со удар во глава, 9-13, 9-15.

Дејан ветува медал од Олмпијадата во Париз 2024 година, и тоа не било каков, туку златен.

Резултати:

Дејан Георгиевски – Рафаел Алба (Куба) 11-8
Дејан Георгиевски – Сејду Гбане (Брегот на Слоновата Коска) 9-4
Дејан Георгиевски – Кјо Дон Ин (Јужна Кореја) 12-6
Финале
Дејан Георгиевски – Владислав Ларин (Русија) 9-15

Освојувачи на медали на олимписки игри се:
Благоја Видиниќ – ЛОИ Мелбурн – 1956 – сребрен медал
Благоја Видиниќ – ЛОИ Рим – 1960 – златен медал
Благоја Георгиевски – ЛОИ Монтреал – 1976 – сребрен медал
Аце Русевски – ЛОИ Монтреал – 1976 – бронзен медал
Шабан Сејдиу – ЛОИ Москва – 1980 – бронзен медал
Шабан Сејдиу – ЛОИ Лос Анџелес – 1984 – бронзен медал
Азис Салиху – ЛОИ Лос Анџелес – 1984 – бронзен медал
Милко Ѓуровски – ЛОИ Лос Анџелес 1984 – бронзен медал
Реџеп Реџеповски – ЛОИ Лос Анџелес – 1984 – сребрен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Лос Анџелес – 1984 – златен медал
Шабан Трстена – ЛОИ Сеул – 1988 – сребрен медал
Стојна Вангеловска – ЛОИ Сеул – 1988 – сребрен медал
Могамед Ибрагимов – ЛОИ Сиднеј – 2000 – бронзен медал
Дејан Георгиевски – ЛОИ Токио – 2020 – сребрен медал

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО