На денешен ден 1944. е родена легендата со прекарот „Смокин’Џо“

Joe Frazier

Пред точно 73 години е роден Џо Фрејзер, поранешниот шампион во тешка категорија и еден од најпопуларните борци во историјата на боксот.

Фрејзер беше носител на појасот во периодот од 1970 до почетокот на 1973 година, а како аматер во 1964 година на Олимписките игри во Токио стигна до најсјајниот медал. Со рингот се поздрави во моментот кога имаше сооднос од 32 победи, четири порази и 1 нерешен меч со Флојд Камингс, кој воедно беше неговиот последен противник.

До титулите на ВБА и ВБЦ стигна на 16 февруари 1970 година во борба со Џими Елис, а најпознатиот меч го одработи во втората одбрана на појасот кога стана првиот човек кој го запре Мухамед Али. Тоа се случи на 8 март 1971 година во „Борбата на векот“.

Првиот пораз го доживува на 22 јануари 1973 година кога во борбата со уште една легенда, Џорџ Форман, останува без титулата.

Во продолжение на кариерата забележува уште два порази од Али и еден од Фореман, а истата ја завршува со споменатиот нерешен меч на 3 декември 1981 година.

Легендарниот „Smokin ‘Joe“ го напушти светот на 7 ноември 2011 година, но со него не отидоа сите големи борби и успеси кои ги постигна во текот на една незаборавна кариера што не можеме да ја заборавиме.

https://www.instagram.com/p/BPJ3XiiBH_T/?taken-by=guydoriansrart

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО