Фергусон конечно одлучи:„Ајде ова да го решиме еднаш засекогаш“!

Nurmagomedov - Ferguson

По повеќенеделно натегање околу договорот за меѓусебната пресметка, Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон се чини дека конечно најдоа заеднички јазик.

Додека непоразениот Дагестанец во своите објави покажуваше дека е подготвен на сите опции само за да се одржи борбата, проблемот го создаваше Фергусон. Сепак, пред неколку дена таткото на Хабиб откри дека би требало мечот да се гледа на УФЦ 209, а сега и Тони најави дека тоа би можело да се случи.

Имено, Фергусон се пофали со реализираните тестирања за УСАДА, а со тоа му порача на Хабиб:„Се гледаме на 4 март. Ќе решиме ова еднаш засекогаш во октагонот на УФЦ 209“.

УФЦ 209

Тајрон Вудли – Стивен Томпсон

Алистер Оверем – Марк Хант

Дарен Елкинс – Мирсад Бектиќ

Тод Дафи – Марк Годбир

Игор Покрајац – Ед Херман

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО