На 2. Државно првенство во традиционално таеквондо Хва ранг ИТФ е најуспешен, пред Мастер и Сонкал

Македонската традицонална теквондо федeрација изминатиов вокенд (16 март) во СРЦ „Билјанини извори“ (мала сала ) го одржа официјално второ Државно првенство во органзиција на ТК Маестро од Охрид.

Најдобар клуб на државно првенство ХВА ранг ИТФ од Лескоец, Охрид, со освоени 15 златни, 14 сребрени и 19 бронзени медали, како и 6 пехари за најдобри поединци. На второто место е организаторот Мастер од Охрид, со освоени 7 златни, 6 сребрен и 5 бронзени медали и еден пехар за најдобар поединиец. Трет е Сонкал со 6 златни, 6 сребрени и 3 бронзен медал и еден пехар за најдобар поединиец.

На четвртото место е Чонџи – 2 златни, 3 сребрени и 8 бронзени медали, а на петтото место место се најде Ахилиус –  2 златни, 1 сребрен и 5 бронзени медали.

Најдобри поединци во нивните старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари се:

-најдобро девојче 8-10 години, Меланија Јанеска

-најдобро дете 8-10 години, Хриситјан Гагалески

-најдобра кадетка 11-13 години, Миа Танеска

-најдобар кадет 11-13 години, Даријан Китаноски

-најдобра јуниорка 14-15години, Анастасија Чулческа

-најдобар јуниор 14-15 години, Климент Богоески

-најдобра младинка 16-21 година, Елена Јанеска

-најдобар младинец  16-21 година , Владимир Димитриевиќ

На првенството учествуваа 78 натпреварувачи од 5 клуба во две дисциплини – форми и борби. На првенството настапија следните клубови: Мастер – Охрид, Ахилису – Скопје, Хва ранг ИТФ – Лескоец, Охрид, Сонкал – Мислешево, Струга и Чонџи – Косел, Охрид.

Некои од натпреварувачите се бореа и за место во репрезентација за Европско првенство 15-22 април во Копер,Словенија.

„На наше задоволство и  задоволство на сите присутни во салата, натпреварувачите направија врвни борби, докажувајќи дека се во одлична форма и дека се многу од нив на добар пат за брзо време да се изборат за  место во репрезентацијата, изјави селекторот Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО