Александар Ракиќ и Роберто Солдиќ тренираат заедно, објавија слика на социјалните мрежи

Ако зборуваме за најдобрите ММА борци од нашите простори, Александар Ракиќ и Роберто Солдиќ влегуваат без никаква дебата и полемика. Дека се во добри односи се знаеше и претходно, а сега уште еднаш потврдија.

Тие објавија заедничка слика на социјалните мрежи после тренинг. Солдиќ му помага на Ракиќ во подготовките за настапот на јубилејниот УФЦ 300 настан против Јиржи Прохаска, а во исто време чека да му се договори меч во ОНЕ шампионат. Тиња се надева дека можеби и ова е негова подготовка, само што јавноста се уште не знае…

Описот под сликата гласи:

„Напорен тренинг и добро кафе“!

Двајцата борци загубија во последниот меч и главна цел им е да се вратат на победничките патеки, а со оглед на тоа што тренираат заедно, такво нешто секако не е доведено во прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО