Меѓународна сценаММА

Муслим Салихов против Урош Медиќ на УФЦ Вегас 111

Муслим Салихов ќе се бори против Урош Медиќ.

Двајцата ветерани ќе се соочат во борба во велтер категорија. Нивната борба е дел од програмата на УФЦ Вегас 111, која ќе се одржи на 8 ноември. Локацијата е Лас Вегас.

Салихов има скор од 22-5 во MMA и е во серија од 3 победи. Во последната борба кон крајот на јули оваа година во Абу Даби го нокаутира Карлос Леал. Муслим заврши 17 од своите борби и 4 пати беше совладан со завршница. Тој победи во 9 од последните 13 борби во УФЦ.

Повеќекратен светски шампион во вушу санда, Салихов го зазема место покрај Хосеин Оџаги како еден од само двајцата спортисти кои не се од Кина и го освоија Кралскиот куп на вушу санда.

Медиќ, пак, има скор од 11-3 во MMA. Во последната борба го победи Жилберт Урбина во август оваа година. Урош 11-те победи ги забелеќа со завршница, а 3 од неговите порази исто така беа со завршница. Победи на 5 од 8 борби во УФЦ.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON