Мурат Гасиев се среќава со Михаел Волиш на 22 јули

Мурат Гасиев доби нов противник откако Еркан Тепер отпадна од нивната битка закажана за 22 јули во Москва.

Неговиот сонародник од Германија, Михаел Вoлиш ќе му биде новиот противник на рускиот боксер.

Битката меѓу нив ќе се одржи на 22 јули во арената „Динамо“ во Москва.

Волиш (22-4) ги доби последните две борби со нокаут.

Гасиев е поранешен шампион на ВБА и ИБФ и има статистика од 27 победи и 1 пораз.

Во последниот меч 27-годишниот боксер дебитираше во тешка категорија, нокаутирајќи го Нури Сефери во првата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON