Мухамед Али е за Пакијао!

Allstate Sugar Bowl - Louisville v Florida

Легендарниот боксер Мухамед Али, во претстојниот бокс меч ќе застане на страната на филипинскиот боксер Мани Пакијао, во борбата за светската титула против Американецот Флојд Мејведер.

F

Ќерката на еден од најдобрите боксер во историјата на овој според, Рашеда Али, истакна дека нејзиниот татко поради болеста која што ја има, нема да биде во можност да присуствува на натпреварот на деценијата кој што ќе го види целиот свет во Лас Вегас.

„Мојот татко со цела своја душа ќе навива за Пакјао. Тој е голем фан на Мани Пакијао. Според неговите зборови, Пакјао не е само голем боксер, туку и перфектна личност и благороден човек. Татко ми нема да може во живо да го проследи тој боксерски спектакл, но бидете сигурно дека ќе го следи на ТВ. Ваквите натпревари го враќаат во времето кога тој беше боксер“, изјави Рашида Али за ESPN.

Долго најавуваниот бокс натпревар против Пакијао и Мејведер ќе се одржи на втори мај во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО