АктуелноМеѓународна сценаММА

Можеме да гледаме ММА меч меѓу Усик и Пол следната година: Усик неколку пати го прозвс Џејк

Тимот на Џејк Пол тврди дека се во сериозни преговори со Александар Усик за ММА борба во 2026 година.

Пол се приклучи на ПФЛ во 2023 година и се очекуваше дека ќе го има своето ММА деби подоцна истата година. Се очекуваше прво да се одржи реванш со Нејт Дијаз, но таа борба никогаш не се случи.

Оттогаш, Пол се фокусира исклучиво на боксот, каде што изгради професионален скор од 11 победи и еден пораз. Неговата следна борба ќе биде против Хулио Сезар Чавез Јуниор на 28 јуни во Калифорнија, по што Пол го планира долгоочекуваното ММА деби против боксерската легенда Усик.

„Да, сакам да бидам како Холи Холм и да ги тестирам моите вештини во кафезот (ММА)“, рече Пол додека стоеше до поранешниот шампион на УФЦ Холм.

„Тоа е нешто што навистина ме интересира и мислам дека би бил огромен спектакл. Нејт Дијаз сè уште ме избегнува, но треба да најдеме вистински противник. Можеби (Александар) Усик. Сè уште не сум почнал со тренинзи за ММА, па тоа би било интересно, но ја гледаме 2026 година како можен датум (за деби во ММА)“, додаде Пол.

Менаџерот на Пол, Накиса Бидаријан, потоа потврди дека се во контакт со тимот на Усик за потенцијална борба.

„Усик веќе неколку пати го прозва Џејк во врска со ММА борбата. Тие беа во контакт со нас зад сцената и рекоа дека го сакаат тој меч во 2026 година. Ова е нешто што дефинитивно сакаме да го постигнеме“, рече Бидаријан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabriel Gonzalez (@doublegontv)

Ова доаѓа откако бизнис менаџерот на Усик, Сергеј Лапин, минатата година изјави:

„Секогаш било важно за Усик да се бори против најдобрите и да остави траен белег во големиот спорт бокс. Но, во иднина, како што дополнително го консолидира својот статус на еден од најголемите борци, ќе видиме какви други можности ќе му се отворат.

„Може да биде интересно да се влезе во кафез со Џејк Пол според правилата на ММА, ако има пари во тоа“, рече Лапин.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON