Мозес Итаума се враќа во јануари против поранешeн противник на Ентони Џошуа

Дваесетгодишната британска ѕвезда Мозес Итаума се појави како еден од највозбудливите тешкаши со убедливите настапи, а многу фанови и аналитичари веруваат дека тој е иднината на дивизијата.
Борецот роден во Кент го имаше своето деби во јануари 2023 година и оттогаш имаше 13 борби. Сите ги доби, а во 11 од нив триумфираше со нокаут во првата или втората рунда.
Итаума последен пат се бореше во август кога го победи сонародникот Дилиен Вајт во првата рунда во АНБ арената во Ријад, со што го зацврсти статусот како главен предизвикувач за титулите на ВБА и ВБО.
Неговото враќање во рингот беше најавено за декември, но бидејќи имаше проблеми со наоѓање противник, тој настап беше одложен. „Квинсбери промомоцијата“ денес потврди дека Итаума ќе се врати во акција на 24 јануари во „Куп лајв арената“ во Манчестер против Американецот Џермејн Френклин.
Издржливиот 32-годишен Френклин има 24 победи (15 нокаути) и само два порази, губејќи на поени од поранешниот двократен шампион во тешка категорија Ентони Џошуа и со мнозинска одлука од Дилиен Вајт.
Американскиот борец има три победи по ред против Исак Муњоз Гутиерез, Девин Варгас, а во септември оваа година со одлука го победи Казахстанецот Иван Дичко.
Итаума требаше да се бори против привремениот шампион во тешка категорија на ВБА, Кубрат Пулев, но договорот пропадна откако беше откриено дека Бугаринот ќе се соочи со Мурат Гасиев.
А 20-годишниот Британец се надева дека ќе обезбеди борба за светската титула пред крајот на следната година, а останува да се види дали во блиска иднина ќе се бори со актуелниот апсолутен шампион во тешка категорија, Александар Усик.



