Моника Стефановска ќе се бори за бронза на Премиер лигата, Крстевски и Корболучи извонредни

Моника Стефановска донесе разведрување кај нашите каратисти на Карате 1 Премиер лигата во Ротердам, Холандија, затоа што само таа утре ќе се бори за медал од македонските каратисти, за бронзениот. Во борбата за бронзениот медал ќе се сретне со Василики Панециду од Грција.

Покрај Стефановска денска во одлично издание беа и Виктор Крстевски и Ферат Корболучи, при што Крстевски имаше борба во репасажот, која, за жал, загуби. На Корбулучи успехот е значаен по тоа што го оствари во најбројната катгеорија со 153 натпреварувачи.

На овој турнир настапуваат 1257 натпреварувачи, според пријавите, 73 држави. Најборојни се Италијанците со 115 натпреварувачи, па Французите со 105, а Македонија ќе настапи со 30-тина каратисти во поединечна конкуренција во борби и кати.

 

 Резултати

75 кг

Азиз Исмаил – Металург – Меирамбек Толејев – Казахстан 1-4

Петар Заборски – Макпетрол – Лука Кристина – Швајцарија 2-0

Петар Заборски – Макпетрол – Матуш Лиесковски – Словачка 0-2

Енес Смаилагиќ – Цветан Димов – Јермек Аиназаров – Казахстан 1-1

Енес Смаилагиќ – Цветан Димов – Герман Черпентиер – Чиле 2-1

Енес Смаилагиќ – Цветан Димов – Реда Масауди – Мароко 1-2

Иво Цветковски– Металург – Мурат Шахин – Швајцарија 3-0

Иво Цветковски– Металург -Санди Фирмансјах – Индонезија 1-0

Иво Цветковски– Металург – Логан Коста – Франција0-1

Халит Османи – Макпетрол – Ебрахим Хасан Беиги – Иран 0-2

Корболучи Ферат-Металург – Максим Релифокс – Франција 0-0

Корболучи Ферат-Металург – Илијас Муфтацис – Грција 1-1

Корболучи Ферат-Металург – Мајед Алхалифах – С.Арабија 0-0

Корболучи Ферат-Металург – Јонас Фриис – Данска 3-0

Корболучи Ферат-Металург – Веи-Чун Хсу – Тајпех 0-1

Доан Османи – Фати – Ебрагим Хасан Беиги – Иран

-84 кг

Берат Јакупи – Асиарт – Поршаб Забиолах – Иран 0-1

Петар Спасеновски – Металург  2коло – Артем Жегалиук – Украина 0-1

Виктор Крстевски– Металург – Фреди Валера – Колумбија 3-1

Виктор Крстевски– Металург – Камран Мадани САД 1-1

Виктор Крстевски– Металург – Меди Сесина – Шпанија 3-1

Виктор Крстевски– Металург – Нело Мастри – Италија 4-1

Виктор Крстевски– Металург – Рјутаро Арага – Јапонија 0-2

репасаж Виктор Крстевски Алвин Карачи – Косово 0-6

(борба за влез во пресметката за медал)

Симон Антиќ – Фунакоши Гичин 2коло – Лоренцо Марсели – Италија 0-3

Емир Ќосовиќ – Металург – Жулиан Шане – Швајцарија 0-2

84 кг

Мартин Несторовски – Металург – Ахмед Зукиќ – Би Х 4-1

Мартин Несторовски – Металург – Билал Бутикар – Франција 1-0

Мартин Несторовски – Металург – Морено Шепард – Холандија 0-3

Жарко Арсовски –Штип 2. коло – Јенг-Чунг Ванг – Тајпеј 3-1

Жарко Арсовски –Штип – Андреј Гриневич – Белорусија 1-0

Жарко Арсовски –Штип – Гогита Арканија – Грузија 1-4

55 кг

Симона Заборска – Макпетрол – Ајла Махмутовиќ – Б и Х 2-0

Симона Заборска – Макпетрол – Луција Чатлак – Хрватска 5-0

Симона Заборска – Макпетрол – Анжелика Терлуига – Украина 0-5

Репасаж Симона Занорска – Јана Војтекицова – Словачка 0-5

Моника Пендароска – Макпетрол – Лејла Мацановиќ – Б и Х 1-0

Моника Пендароска – Валентина Золотарова (Канада) 0-4

Марија Матракоска – РонинСузана Лучиќ – Србија -0-0

61 кг

Наташа Стефановска- Макпетрол – Ориане Цумвалд – Швајцарија 0-2

Сара Крстевска – Металург – Лаура Паскјуа – Италија 0-7

Ана Марија Несторвска – Макпетрол – Сораја Собани – Франција 2-1

Ана Марија Несторвска – Макпетрол – Хавиера Гонзалез – Чиле 0-1

68 кг

Моника Стефановска – Макпетрол – Кејт Карвачински – Англија 7-0

Моника Стефановска – Макпетрол – Марина Радичевиќ – Србија 3-2

Моника Стефановска – Макпетрол – Ивона Ќавар – Б и Х 2-1

Моника Стефановска – Макпетрол – Алиса Бухинегр – Австрија 0-4

репасаж Моника Стефановска – Леа Аврези – Франција 2-0

за бронзен медал Моника Стефановска – Василики Панециду Грција

Ангела Мојсовска – Макпетрол – Манди Беселинг – Холандија 4-0

Ангела Мојсовска – Макпетрол – Кита Кеинанен – Финска 3-1

Ангела Мојсовска – Макпетрол – Наралија Спилогон – Бразил 0-0

Ангела Мојсовска – Макпетрол – Василики Пантециду – Грција 0-1

Бојана Манева – Штип – Јована Вулиновиќ – Србија 0-1

Селена Таушанова – Макпетрол – Адрине Хилтон – Норвешка 1-0

Селена Таушанова – Макпетрол – Кајо Сомеја – Јапонија 0-5

+68 кг

Драгана Тодоров – Металург – Доминика Татарова – Словачка 0-2

Резултати од вчера

Кати Пуликсенија Јованоска – Драгана Броциловиќ – Италија 5-0

Пуликсенија Јованоска – Јсмин Блојл – Германија 2-3

60 кг Емил Павлов – Штип – Давид Фернандес – Португалија 0-1

 Горан Николовски – Металург – Мохамед Таоуси – Мароко  0-2

67 кгДимитар Илиевски – Ботони – Боран Берак – Хрватска 0-2

Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов (2.коло) – Синиша Броциловиќ – Италија 2-1

Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов – Дијонсиос Ксенос – Грција 0-3

Шабан Муртиши – Дрини – Денис Копитко – Украина 0-4

Ико Ташов – Металург – Дидар Амирали – Казахстан 0-5

50 кг – Фатјона Алиу – Дрини – Магдалена Новаковска –Полска 0-0, победи Новаковска

Да потсетиме дека на Премиер лигата каратистите се борат за место во репрезентацијата за Европксото првенство за сениори во мај кое се одржува во Турција. Покрај Премиер лигата и Балканското првенство ќе биде пресудно за конечниот состав на репрезентацијата. Сепак турнирот во Ротердам е со највисок коефеицинет, а најжестока борба ќе се води категоријата до 75 килограми каде што сепријавени 6 натпреварувачи. Оваа категорија е и најбројна во Ротердам со 153 натпреварувачи, а најмалиот број во една категорија е 57 учесници.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО